Мората и Родри суспендирани од УЕФА поради – Гибралтар!

Капитенот на шпанската репрезентација Алваро Мората, заедно со играчот за врска, Родри, суспендирани се на по еден натпревар поради направен прекршок по ЕП.

Репрезентацијата на Шпанија на 15 јули беше пречекана на плоштадот во Мадрид каде што имаше посебно славје со нивните навивачи. Таму двајцата играчи пееја „Гибралтар е шпански“, што допре до УЕФА која реши да ги казни двајцата играчи.

– Дисциплинската комисија на УЕФА ги казнува двајцата играчи на по еден натпревар, затоа што ги прекршија правилата на пристојност. Тое искористија спортски настан за барања од неспортска природа, стои во образложението до медиумите.

Гибралтар е територија која се наоѓа на јужниот дел од Шпанија и од 18. век е дел од Велика Британија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО