Во неверојатна драма Германците ги исфрлија Французите од ОИ во четвртфиналето

Германија е вториот полуфиналист на ракометниот турнир на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Во полуфиналето, по продолжението од 10 минути, тиа ја победија Франција со 35:34 и за пласман во финалето ќе играат против Шпанија.

Французите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот. На полувреме имаа +3 (17:14), а потоа со серија 3:0 на стартот од вториот дел разликата ја зголемија на шест гола.

Сепак, Германија многу брзо се доближи, а потоа од 44. до 50. минута постигна четири последователни гола и поведе минимално (26:25).

Потоа Франција одговори со серија од 3:0 и во последната минута влезе со водство од 29:27. Ренарс Ушчинс на 13 секунди до крајот го намали на -1, но Франција „украде“ неколку секунди и повика тајм-аут.

По тајм-аутот дојде до неверојатна грешка на францускиот ракометар Дика Мем. Ушчинс го пресретна додавањето на Мем и погоди во последната секунда за продолжение во кое Германија беше подобра, во слично сценарио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО