Шокираше со победата против најдобрата на светот. Потоа беше дисквалификувана, за 100 грама вишок?

Индиската борачка, Винеш Фогат (29) денеска требаше да се бори за олимпиското злато, во категоријата до 50 килограми, со Американката Сара Хилдебрант (30).

Но, ништо од тоа бидејќи Фогат утрово беше дисквалификувана од ОИ затоа што на мерењето имаше 100 грама прекумерна тежина! Според правилата златото автоматски ќе и припадне на Хилдебрант, а Фогат и покрај пласманот во финалето, нема да добие никаков медал, туку ќе се смета како последна.

Разочарувањето е уште поголемо бидејќи таа претходно, во осминафиналето, ја шокираше јапонската претставничка, Јуи Сусаки (25), која е веројатно најдоминантната борачка во оваа категорија.

Таа освои олимпиското злато во Токио 2021 година, каде што не загуби ниту еден бод на целиот турнир, и е четирикратна светска шампионка. Фогат беше првата борачка што не е од Јапонија што некогаш ја поразила.

Последните извештаи беа дека Фогат останала будна цела ноќ за да намали некој килограм и дека денеска била хоспитализирана. Тоа е исклучително исцрпувачка и ризична процедура која лесно може да доведе до дехидратација, што и се случило.

Таа нормално се натпреварува во категоријата до 53 килограми, што го направи овој потег особено опасен. Индиската делегација се обиде да поднесе жалба на одлуката и да го одложи мерењето, но нивната жалба беше одбиена.

Позната по својата решителност, Фогат надмина значителни неволји и стана првата индиска борачка која стигна до олимпиското финале. Но, дисквалификација повторно ја остави без подиум.

Минатата година, таа ги предводеше протестите против шефот на Боречката федерација на Индија за сексуално вознемирување, поради што беше уапсена и беше предммет на бројни клевети.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО