Шпанија го елиминира Египет во четвртфиналето. Перез де Варгас е херојот на мечот

Шпанската машка ракометна репрезентација е првиот полуфиналист на Олимпискиот турнир во Париз. Шпанците во четвртфиналето ги совладаа Египќаните со 29:28 по продолженијата од 10 минути.

Алеиш Гомез со девет гола и 100 отстотен шут беше најефикасен кај Шпанија. Јан Тарафета додаде шест, а Јахија Елдера со осум и Сеиф Елдераа со шест гола беа најефикасни кај Египет.

Египет водеше речиси во текот на целиот натпревар, на полувремето беше 12:8, а на 10 минути до крајот се’ уште беше сигурен, 21:18. Но, Шпанците успеаја со голот на Тарафете да израмнат на 25:25, на половина минута пред крајот.

Потоа Египет имаше напад за победа, имаше и тајм аут, но и тоа не им помогна, бидејќи  Елдера шутираше, но не беше прецизен.

Во продолжението Шпанија секогаш имаше гол предност, која Египет ја достигна на половина минута пред крајот. Но, во финишот Алекс Дујшебајев се избори за седмерец што го реализира Гомез, за 29:28.

Во последниот напад, Сеиф Елдера можеше да израмни, но Перез де Варгас ја забележа 17-та одбрана и ја однесе Шпанија во полуфиналето.

Овие две репрезентации се сретнаа пред три години во Токио, во битката за бронзата, а и тогаш поуспешни беа Шпанците.

Во полуфиналето Шпанија ќе игра против победникот од мечот меѓу Германија и Франција (играат од 13.30 часот). Подоцна се играат преостанатите две четвртфиналиња, Данска – Шведска (17.30) и Норвешка – Словенија (21.30 часот).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО