Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Челси во пријателскиот натпревар во САД, со 2:1, а нивниот тренер, Италијанецот, Карло Анчелоти, ја пофали играта на „кралевите“.
– Ми се допадна темпото на игра, бевме доста активни во офанзива. Имам чувство дека тимот добро функцонира. Допрва ќе ни дојдат фудбалерите што беа ослободени од обврските поради ЕП и Копа Америка.
За неколку дена сите заедно ќе ги продолжиме подготовките за натпреварот во Супер Купот на УЕФА против со Аталанта. Време е да размислуваме за тој меч, изјави Анчелоти.