Фудбалерите на Милан ја победија Барселона на пријателски натпревар со 4:2, на пенали откако мечот заврши нерешено, 2:2.
Тренерот на калчо-лигашот, Португалецот, Паоло Фонсека, веднаш по мечот ја дефинираше главната цел за наредната сезона.
– Целта на Милан во новата сезона е да го освои „скудетото“, ги пренесоа зборовите на Фонсека медиумите во Италија.
„Росонерите“ имаат освоено 19 шампионски пехари во Серија А, последниот во 2022 година