Британецот Пити беше незадоволен од храната на ОИ: „Сакам месо, тоа ми е потребно“!

Британскиот пливач, Адам Пити јавно ги критикуваше угостителските услуги и понудата на храна во олимпиското село, со што стана еден од низата спортисти кои изразија забелешки за условите за време на Игрите во Париз.

Голем број спортисти веќе беа незадоволни од тоа што спијат на картонски кревети во соби без клима на над 30 степени Целзиусови, а Пити отиде чекор натаму и рече дека кетерингот бил многу лош.

Како што најавија организаторите уште пред Олимписките игри (ОИ), многу јадења се вегански, а на Пити тоа му пречи и вели дека сака да јаде само месо. Затоа, Британецот одлучи кога Игрите ќе завршат, се’ да извади на површина.

– Понудата воопшто не е добра! Сакам месо, ми треба месо за да се претставам најдобро, тоа е она што го јадам дома! Зошто би ги сменил сега навиките за исхрана? беше бесен Пити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО