Луда трка на 1.500 метри! Фаворитот остана без медал и без олимпискиот рекорд!

Феноменална трка на 1.500 метри во машка конкуренција на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Норвежанецот, Јакоб Ингебригсен беше прв фаворит за злато, така и ја почна трката, но во финишот уследи вистинско лудило.

Ингебригсен наметна силно темпо, го држеше првото место во текот на целата трка, до последните 80-на метри, но не издржа до крај, беше жртва на сопственото жестоко темпо.

Прв го мина Британецот Џош Кер, а потоа во се’ се вклучи Американецот Кол Хокер, кој изби на првата позиција и го освои златото, со време од 3:27,65 минути соборувајќи го и олимпискиот рекорд на Норвежанецот.

Кер заврши на втората позиција, а Џеред Енгусе од САД, на третата. Ингебригтсен, која ја водеше целата трка, беше четврти, остана без медал и без олимпискиот рекорд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО