Извлечени двојките за новата сезона во Втората лига

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставен календарот за натпревари во Втората фудбалска лига за новата 2024/25 сезона.

Во првото коло Осогово ќе му биде домаќин на Вардар Неготино, Скопје ќе го пречека Вардарски, а Кожув ќе излезе на мегдан со Саса Каменица.

Детонит ќе ги одмери силите со Новаци, а Брегалница со тимот на Победа. Борец ќе игра дома со Башкими, додека Арсими ќе ја пречека Беласица.

Главниот фаворит за првото место во второлигашкото друшто, Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе го игра дербито со Охрид.

Мечевите во Втората лига ќе почнат в сабота, на 17 август.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО