Пити се сомнева во успесите на Кина

Британскиот пливач, Адам Пити (30), побара построги допинг тестови и рече дека нема доверба во системот откако Кина победи во штафетата 4×100 метри мешано во Париз, а неговата земја заврши на четвртото место.

Неговата изјава се базира врз информацијата дека кинескиот пливачки тим е под интензивна контрола по откритијата дека 23 пливачи биле позитивни на забранетиот лек за срце пред ОИ во Токио 2021 година, но сепак им било дозволено да се натпреваруваат.

– Треба да имаме верба во системот, но вистината е дека ја немаме. Проверките треба да бидат поригорозни, рече Пити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО