Нгамба го освои првиот медал за олимпискиот тим на бегалци

Синди Нгамба влезе во спортската историја со тоа што го освои првиот медал за Олимписккот тим на бегалци на Игрите во Париз, со пласманот во полуфиналето во бокс, до 75 кгр, во женска конкуренција.

Нгамба, 25-годишната девојка со потекло од Камерун, се преселила во Обединетото Кралство на 10-годишна возраст, но не може да се натпреварува за таа земја бидејќи нема британски пасош.

Олимпискиот тим на бегалци првпат се натпреваруваше во Рио 2016 година, но пред годинашните Игри најдобрите резултати на членови на тимот беа двете петти места во Токио, на Хамун Дерафшипур во карате и на Кимија Ализаде во таеквондо.

Нгамба беше знаменосец на олимпискиот тим на бегалци на церемонијата на отворањето на ОИ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО