Ѓоковиќ ја освои последната титула што му недостигаше

Србинот Новак Ѓоковиќ во неверојатен меч го совлада Шпанецот, Карлос Алкараз во два сета, во два тај-брејка, 7:6 ((3) и 7:6 (2) и го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Тоа беше единствениот трофеј што му недостигаше на Ѓоковиќ, долго очекуваната олимписка титула по што ќе може ја заврши блескавата кариера со „златен слем“.

Ѓоковиќ (37) е петтиот тенисер кој освоил „златен слем“ во сингл, односно што победил на четирите грен слема и на ОИ, по Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Андре Агаси и Штефи Граф.

Тој освои бронзен медал на ОИ во Пекинг 2008 година, а во Токио пред три години остана без медал, беше четврти.

По триумфот со раширени раце во неверување, Ѓоковиќ го фрли рекетот и откако го прегрна Шпанецот Алкараз, се расплака и падна на колена на средината од теренот.

Потоа го развиори српското знаме и се качи на трибините за да прослави со своето семејство и со стручниот тим.

Ова е втор златен медал за Србија во Париз. Пред Ѓоковиќ со злато се закитија Дамир Микец и Зорана Аруновиќ,во дисциплината воздушен пиштол, 10 метри во мешани двојки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО