Прво злато во историјата за малата земја со 72.000 жители

Теа ЛаФонд (30) од Доминика е олимписката победничка во трискок на ОИ во Париз, со што на малата карипска земја од само 72.000 жители и го обезбеди првиот олимписки медал во историјата.

ЛаФонд прескокна „златни“ 15,02 метри во втората серија во која беа забележани трите најдобри скока. Во таа серија Шаника Рикетс (32) од Јамајка прескокна 14,87 метри со што си обезбеди сребро, а Американката Џасмин Мур (23), 14,67 метри за бронза.

– Воу, олимписка шампионка! Ова е апсолутно надвор од моите најлуди соништа. Секогаш си велев дека е потребен само еден скок. Дождот ми беше од корист, падна веднаш штом завршив со вториот скок, изјави ЛаФонд.

Рикетс беше четврта во Токжио пред три години, но во Париз освои олимписки медал, по двете сребра од Светските првенства (СП), во Доха 2019, и во Јуџин 2022-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО