Ледецки, „кралицата на базените“, непобедлива на 800 метри слободно

Американската пливачка суперѕвезда, Кејти Ледецки го израмни рекордот за најмногу олимписки златни медали кај жените (девет) по тримфот во трката на 800 метри слободно во Париз, со време од 8:11,04 минути.

Тоа беше деветти златен олимписки медал за Ледецки, со што се израмни со поранешната советска гимнастичарка, Лариса Латинина која има освоено 18 медали (девет златни, пет сребрени четири бронзени), на ОИ во Мелбурн 1956, во Рим 1960 и во Токио 1964 година.

Таа е шестиот спортист(ка)  со девет злата од ОИ, придружувајќи им се на Латинина, на сонародниците, Марк Шпиц и Карл Луис, и на Финецот, Паво Нурми. Фелпс има најмногу медали од ОИ, 28 од кои 23 злата.

Ледецки стана единствената жена, и единствениот пливач(ка), освен сонародникот, Мајкл Фелпс, со четири олимписки злата во истата дисциплина, на 800 метри слободно.

– Четирите рекордни медали на 800 метри најмногу ми значат. На 3 август 2012 година прв пат победив, и оттогаш на секој 3 август видеото од тоа прво олимписко злато некаде се објавува.

Си направив голем притисок, па затоа сум многу среќна што се’ добро се заврши, изјави Ледецки (27) која освои четири медали во Париз, две злата, еден сребрен и еден бронзен.

Сите олимписки медали на Ледецки

Лондон 2012 година (1)

Злато – 800 метри слободно

Рио 2016 (5)

Злато – 200 метри слободно, 400 метри слободно, 800 метри слободно, штафета 4х200 метри слободно

Сребро – штафета 4х100 метри слободно

Токио 2020 (4)

Злато – 800 метри слободно, 1.500 метри слободно

Сребро – 400м слободно, штафета 4х200м слободно

Париз 2024 (4)

Злато – 800 метри слободно, 1.500 метри слободно

Сребро – штафета 4х200 метри слободно

Бронза – 400 метри слободно

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО