Македонија нема сигурно место во ракометната ЛШ за сезоната 2025/26

Македонската јавност елитен ракомет од Лигата на шампионите во сезоната 2025/26 би можела да гледа само во случај ако ЕХФ одново одлучи на нашиот првак да му додели „вајлд-карта“ како што беше и оваа година.

Европската ракометна федерација го објави новото рангирање на земјите според коефициент за своите три клупски натпреварувања.

Македонија забележа скок од две позиции, наместо ланската 13 сега е пласирана на 11 место. Иако напредувавме, тоа значи дека во сезоната 2025/26 Македонија нема сигурно место во Лигата на шампионите. Ова значи дека за повторно да се игра елитен ракомет во Македонија во сезоната 2025/26, потребно е изненадување како за оваа во која Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“.

Пад од една позиција има Македонија на рангирањето во Европската лига на ЕХФ, па сега сме на 12. позиција. Тоа не менува ништо, бидејќи во сезоната 2025/26 одново ќе имаме две сигурни места во Европската лига. Слична е сигуацијата и со Европскиот куп (ЕХФ Купот) во кој се задржани постоечките две позиции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО