Олимписките триатлон натпревари, за мажи и жени, ќе се одржат денеска, откако тестовите покажаа дека водата во реката Сена е доволно чиста за натпреварување.
Тоа доаѓа по загриженоста дека би можеле да ја следат истата судбина како и машкиот настан во вторник, што беше одложен поради (не)квалитетот на водата во Сена. Организаторите претходно рекоа дека настаните имаат само 60 отсто шанси да се одржат
Резултатите од најновите анализи на водата, добиени утринава во 3.20 часот, беа одобрени од Светскиот триатлон.
Претходно на Игрите, тренинзите за пливање беа откажани поради лошиот квалитет на водата, но организаторите беа уверени дека настаните во триатлон ќе се одвиваат според планираното.
Што не беше во ред со Сена? Пливањето во реката е забрането повеќе од 100 години поради високите нивоа на загадување и ризикот од болести. Но француските власти инвестираа многу за да ја направат Сена погодна за пливање како дел од наследството на Игрите.
Организаторите рекоа дека се потрошени околу 1,4 милијарди евра за проектот за регенерација за да се направи Сена безбедна.