Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, зборуваше за Душан Влаховиќ во своето последно интервју, играчот кој мора да внесе дополнителна живост во играта на „старата дама“ во новата сезона.
Алегри претходно не успеа да направи нешто големо со Јувентус, па на клупата на Јувентус тоа сега ќе се обиде да го направи Тијаго Мота, кој Влаховиќ го гледа како важен играч во неговиот систем.
Мота меѓу останатото беше прашан и за тоа дали Влаховиќ чувствува голем притисок поради недоволната продуктивност.
– Нема притисок, само голема одговорност, тоа е. Влаховиќ напорно работи како и останатите, тоа не може да се споредува со бројот на голови. Освен головите, постојат уште многу работи кои може да ги понудите во фудбалот, порача Мота.
Очигледно дека играта на Тијаго Мота ќе се базира околу Душан Влаховиќ, за кого претходно постоеа информации дека би можел да го напушти Торино.