Цела Србија е шокирана од тепачката во трговскиот центар БЕО во населбата Коњарник во Белград, каде се судриле навивачите на Црвена ѕвезда и на Партизан.
Во тепачката биле употребени факели и метални шипки, а видени се и шокантни снимки, каде што некои од навивачите удираат други лица со автомобили на улица, односно ги користеле автомобилите како оружје!
Како што неофицијално дознава порталот „Телеграф“, до конфликт дошло поради навивачките графити. Навивачите на Ѕвезда обоиле дел од тој дел од градот во црвено-бела боја, на што реагирале Гробарите и ги покрите со графити.
Потоа, чекајќи повторно да дојдат навивачите на Ѕвезда, им направиле „заседа“ и се вооружиле со стапови.
Кога Делиите дошле вечерта да ги исчистат графитите, ги нападале Гробарите вооружени со стапови, по што настанала општа тепачка, метеж и бркотница, по што тројца навивачи завршиле во болница.
Тие имале повреди на главата, а како што неофицијално дознава „Телеграф“, во полиција рекле дека „се шетале по улица, дека напаѓачите скокнале од темнината, дека не ги познаваат, ниту го знаат мотивот на пресметката”.
Српското првенство почнува во петок. Партизан од 21 часот на Хумска „како гост“ го пречекува Напредек, бидејќи крушевчани го реновираат стадионот. Се очекува доаѓање и на Гробарите, кои една година ги бојкотираат домашните натпревари на Партизан.