Поради пушење исфрлена од репрезентацијата и нема да настапи на ОИ

Шоко Мијата, 19- годишната капитенка на јапонската репрезентација во гимнастика, нема да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Париз поради навистина бизарна причина!

Мијата пушела со што ги прекршила правилата на однесување на тимот, поради што била  исфрлена од тимот. Мијата последните подготовки пред Игрите ги правела во Монако, каде што се случи „инцидентот“. Наводно, покрај споменатиот прекршок, била фатена и како консумира алкохол?

Јапонија полагаше големи надежи на Игрите во Париз, и првпат по ОИ во Токио 1964 година, очекуваше екипен медал, но сега на годинашните Игри ќе одат само со четири спортистки, наместо со првично планираните пет.

– За ова се извинуваме од се’ срце, изјави претседателот на федерацијата, Тадаши Фуџита.

Тренерот на Мијата, Муцуми Харада се обидуваше да го оправда нејзиното однесување.

– Таа деновите ги минуваше многу оптоварена и под многу голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа, рече Харада.

Љубителите на гимнастиката останаа шокирани поради потегот на Јапонците. Многумина се на мислење дека Мијата не требаше да биде исфрлена од репрезентацијата, но одлуката е конечна и не се очекува драстичен  пресврт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО