Навивачот што ги навредуваше Жуниор и Рудигер доби казна

Фудбалскиот клуб, Реал Мадрид, соопшти дека судот во Парла денеска го прогласил за виновен човекот кој под различни псевдоними на форумот на дигиталното издание на весникот – „Марка“, извршил сериозни расистички напади и навреди кон Винисиус Јуниор и Антонио Рудигер.

– Судот изрече казна затвор во траење од осум месеци и забрана за учество на споменатата трибина во траење од 20 месеци. Затворската казна е условна бидејќи обвинетиот учествува во програма за антидискриминација“ – стои во објавата.

Тоа е втора казна изречена за расистички навреди кон играчите на Реал Мадрид но за прв пат од ваков вид на дигитални форуми и социјални мрежи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО