Европа доби нов шампион, а тоа е селекцијата на Шпанија, која во големата пресметка со Англија, успеа да излезе подобра со резултат 2:1.
Шпанија до победничкиот гол кој ги однесе на европскиот трон, дојдоа преку Ојаразбал, скоро во последните моменти од натпреварот, а Англија потоа не успеа да се врати во егал.
Шпанија поведе преку Нико Вилијамс, потоа дојде изедначување со голот на Палмер во 72. минута, но на самиот крај, херој на шпанската нација стана Ојазарбал.
Кога одбраната на Англија заспа практично на една секунда, Кукуреља испрати топка по земја, а напаѓачот на Сосиедад постави нога и го измами голманот Џордан Пикфорд, додека во исто време успеа да избегне офсајд.
Во прв случај се чинеше дека станува збор за недозволена позиција, меѓутоа, сликите од технологијата јасно укажуваат на тоа дека коленото на Џон Стоунс беше во таква положба што едноставно им помогна на ривалите да дојдат до победнички гол.
Тоа беше така блиску, а сепак така далеку за Англија, за која шест децениската агонија продолжува на големите турнири.