Барселона, не се откажува од идејата за трансфер на напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, објавија британските медиуми.
Каталонскиот клуб веќе стапил во контакт со претставниците на 32-годишниот англиски репрезентативец, со цел да ја разгледа можноста за негов премин на „Камп Ноу“.
Кејн се чувствува добро во Минхен, а неговите агенти во моментов се фокусирани на преговори за продолжување на договорот со Баерн.
Минатата сезона Кејн за Баерн Минхен одигра 51 натпревар во сите натпреварувања, постигнува 61 гол и забележува седум асистенции.