Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз в недела ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако по пресврт го совлада Данило Медведев. Алкараз победи рускиот тенисер со 6:7 (1), 6:3, 6:4, 6:4.
Медведев не успеа да обезбеди седмо финале на најголемите турнири, а Шпанецот зголеми на 5-2 во меѓусебните дуели.
Алкараз влезе посилно во мечот и веќе во првиот, прилично долг гем имаше брејк топка.
Сепак, Данил беше тој што го зададе првиот удар, брејкувајќи го сервисот на својот ривал во третиот гем и тоа со нула.
На Алкараз не му требаше многу за да возврати со рибрејк, ја искористи четвртата шанса, за во следната повторно да потклекне.
Во шестиот гем Медведев ја врати брејк предноста, стигнувајќи до водство од 5:2, но Алкараз врза три гема и целосно се врати во игра. Сепак тајбрејкот му припадна на Медведев, го отвори со 5:0, за на крајот да загуби само еден поен.
Вториот сет беше многу помирен од првиот, се чинеше дека Даниил има се во свои раце, но Карлитос навреме се разбуди.
Направи брејк во третиот гем и релативно рутински ја сочува таа предност, стигнувајќи до израмнување.
Третиот период Алкараз го започна како и вториот, со брејк во третиот гем, кој заврши со непрецизна форхенд дијагонала од Медведев. Имаше Шпанецот можност за уште еден брејк во седмиот гем, не ја искористи но сепак го доби сетот.
Алкарас одлично го стартуваше четвртиот сет, со брејк, но Медведев возврати веќе во следниот гем .
Сепак, неколкуте грешки направени во седмиот гем скапо го чинеа – Алкараз направи брејк, кој го задржа до крајот.
Негов противник во големото финале, в недела, ќе биде подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети.