Васко Атанасов го продолжи договорот со МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аердром актуелниот шампион на Македонија во кошарка во машка конкуренција го продолжи договорот со тренерот Васко Атанасов.

30-годишниот Атанасов шанса да го води МЗТ Скопје доби пред крајот на сезоната 2022/23 и максимално ја искористи. Ова за него ќе биде трета сезона како тренер на аеродромскиот клуб, втора од самиот почеток.

Атанасов со МЗТ Скопје веќе освои две шампионски титули како и еден трофеј во Купот на Македонија.

Младиот стратег пред МЗТ Скопје ги водеше БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО