Шпанскиот селектор на големи маки пред дуелот со Франција

Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во полуфиналето на ЕП, но тоа скапо го плати. По победата над Германија, Шпанија е во големи проблеми пред дуелот со Франција затоа што тројца фудбалери дефинитивно отпаднаа од комбинација за овој натпревар, а неколкумина се под знак прашалник поради повреди.

Црвен картон во четвртфиналето доби искусниот, десниот бек Дани Карвахал, а поради акумулација на жолти картони не ќе може да игра ниту стоперот Робин Ле Норманд.

Селекторот Луис де ла Фуенте не може да смета ниту на младиот играч за врска Педри, кој се повреди по остриот старт на Тони Крос на почетокот од мечот.

Дополнителен проблем за Шпанија е што се повреди и одличниот Дани Олмо кој даде и асистираше за победничкиот гол, па сега се поставува прашањето кој ќе го замени против Франција.

Посебно критично е на десната бековска позиција каде што во моментов единствена опција е ветеранот Хесус Навас. Тој ќе биде стартер против Франција, доколку Де ла Фуенте не реши да експериментира.

– Тоа е голема вест, бидејќи не станува збор само за офанзивен играч, туку и за 38-годишник. Навас е возрасен , а тоа го покажува фактот што го освои Светското првенство со Шпанија пред 14 години“, пишуваат мадридските весници.

Навас го одигра целиот, но не многу значаен натпревар против Албанија во групната фаза, а сега една од задачите ќе му биде да го запре најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО