Гранит Џака играл повреден на мечот со Англија

Швајцарскиот играч за врска, Гранит Џака изјави дека играл повреден на четвртфиналниот натпревар на ЕП против селекцијата на Англија. Средбата во Дизелдорф заврши со победа на Англија, на пенали 5:3 (1:1).

– Пред мечот ми беше дијагностицирано кинење на влакна во мускулите, но, сакав да бидам со тимот и стиснав заби. Не можев да направам долги додавања или да шутирам добро во текот на натпреварот, инаку, друго се’ беше во ред.

Нема ништо посурово од тоа да бидеш исфрлен во пенал рулетот. Но, направивме се’ што можевме. Горд сум на тимот и на тоа како им донесовме радост на луѓето во Швајцарија. Тоа секогаш била нашата цел. На крајот, нервите на Англичаните се покажаа поцврсти, изјави Џака.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО