Германскиот фудбалер Тони Крос вчера и официјално ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Одличниот германски играч за врска најави дека ќе се пензионира по Европското првенство, а со тоа што Шпанците ги нокаутираа неговите Германци, тоа пензионирање стана и официјално. После тоа од Германија стигна вест дека Томас Милер (34) ќе стави крај на репрезентативната кариера.
– Да, прилично е сигурно дека ова беше мојот последен натпревар за Германија, изјави напаѓачот на Баерн за Скај. Милер за Германија дебитираше во 2010 година, а оттогаш забележа 131 настап и постигна 45 голови. Во 2014 година со репрезентацијата беше светски шампион во Бразил. Во кариерата настапуваше само за Баерн, чиј член е од 2000 година. За баварскиот клуб има 707 настапи и 242 гола.