Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Н’Голо Канте, постави рекорд кога станува збор за Континеталните собири и Мундијалите .
33-годишниот играч од средниот ред има импресивен рекорд за „петлите“ на големите фудбалски настани. Тој е првиот европски играч кој има повеќе од 20 мечеви на Светско и Европско првенство без пораз.
Канте има вкупно 60 настапи и 2 гола за националниот тим. Досега на собирот во Германија во два наврата беше прогласен за играч на натпреварот.