Во последниот натпревар од групната фаза на ЕП, Турција ја совлада Чешка со 2:1 и со тоа го потврди второто место во групата Ф. Турците во осминафиналето ќе играат со Австрија, a Чешка испадна од турнирoт.
Но главна тема по мечот е романскиот судија Иштван Ковач, кој покажа рекорден број картони на едно ЕП, вкупно 18 (16 жолти и два црвени), и според многумина, ја оштети Чешка.
Чесите останаа со играч помалку во 20. минута кога Антонин Барак доби втор жолт картон, односно црвен. Тоа видно ги налути Чесите, по што се „разгоре“ натпреварот.
Судијата Ковач дополнително се „загуби“ на крајот од првиот дел. Тогаш Кенан Јилдиз, по само една минута откако доби жолт картон, со лакт во глава го удри Владимир Чоуфал. Беше очигледен фаул за втор жолт картон, но романскиот судија не мислеше така.
Хаосот продолжи и во вторите 45 минути, во кои судијата со многубројните картони се обидуваше да ја смири ситуацијата, но не успеа. Секоја негова одлука предизвикуваше големи протести кај играчите, на теренот и на клупите за резерви, а се’ ескалира на крајот од натпреварот.
Чешките фудбалери се стрчаа кон судијата, а во приговорите најгласен беше Томаш Чори. Тој доби директен црвен картон, а жолти добија Арда Ѓулер и стрелецот за Чешка, Томаш Соучек.
Досегашниот рекорд го држеше рускиот судија Валентин Иванов, кој на мечот Португалија – Холандија во осминафиналето на Светското првенство (СП) 2006 во Германија покажа 16 картони.
18 – There were 18 cards shown between Czechia and Türkiye tonight (16 yellows, two reds); the most in a single game in UEFA European Championship history. Battle. #EURO2024 pic.twitter.com/iCehxSIpr2
— OptaJoe (@OptaJoe) June 26, 2024