Англија под водство на Саутгејт со најлош просек на удари кон противнички гол на ЕП

Англија, под водство на селекторот Герет Саутгејт , го има најлошиот рекорд на шут кон противничкиот гол по натпревар од која било репрезентација на Европските првенства од почетокот на водењето статистиката.

Англиските фудбалери, под водство на 53-годишниот селектор, во просек постигнуваат само девет шута по натпревар. Ниту една друга екипа под друг селектор немала толку ниска бројка. Овие статистики датираат од 1980 година. Да потсетиме, селекцијата на Англија на Евро 2024 стартуваше со победа над Србија (1:0).

Во натпреварот од 2.коло од групната фаза Англичаните се сретнаа со Данска. Натпреварот се заврши нерешено со резултат 1:1. По две кола, Англија е на чело на табелата во групата Ц со четири бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО