Полски навивач е тешко повреден по пад од трибините за време на натпревар од ЕП 2024

Навивач на полската репрезентација се здоби со тешки повреди по пад од повеќе од три метри височина на Олимпискиот стадион во Берлин, каде се одигра натпреварот од 2. коло од групната фаза на ЕП 2024 Полска – Австрија (1:3) пренесуваат медиумите во Германија.

Според изворот, по падот мажот накратко изгубил свест, а потоа со различни повреди бил пренесен во болница. Да потсетиме, репрезентацијата на Полска стана првата селекција која ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на ЕП 2024.Австрија вчера ја победи Полска со 3.1, а подоцна Холандија и Франција одиграа нерешено.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО