36-годишниот напаѓач на аргентинската репрезентација Лионел Меси изјави дека актуелната Копа Америка ќе му биде последна.
„Дали ова е мојот последен турнир во Купот на Америка? Да, Купот на Америка, да.
Ако зборуваме за учество на СП 2026, тогаш се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, треба постепено да се движиме. Во моментов, се е во ред со мене“, рече Меси.
Да потсетиме, следниот Куп на Америка е предвиден да се одржи во 2028 година.
Синоќа беше одигран натпреварот од 1. коло од групната фаза на Купот на Америка 2024 година, во кој репрезентацијата на Аргентина ја победи репрезентацијата на Канада со резултат 2:0. На овој натпревар Меси имаше асистенција за напаѓачот Лаутаро Мартинез.