Напаѓачот на албанската репрезентација Мирлинд Даку најверојатно ќе биде казнет со неколку натпревари исклучување поради тоа што упати навредливо скандирање кон Македонците по натпреварот од 2. коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство со репрезентацијата на Хрватска (2:2 ), објави шпанскиот „АС“.
Претходно, Македонската фудбалска федерација ја повика УЕФА, Дака да биде казнет поради навредливи скандирања, а побара и од албанскиот фудбалер јавно да се извини за своето однесување, признавајќи ја штетата што ја направил.
Да напоменеме дека Даку подоцна даде изјава за оваа скандалозна ситуација, но не ја спомна Македонија во своето извинување преку социјалните мрежи.
Доколку УЕФА ја потврди казната за играчот, то аќе значи дека ЕП во Германија ќе биде завршено за него.