Белгија може да здивне, сите повредени навреме се опоравија

Последните денови репрезентацијата на Белгија имаше сериозни проблеми со последната одбранбена линија. Селекторот Доменико Тедеско беше во трка со времето околу опоравувањето на дефанзивците, Јан Вертонген и Артур Теате.

Двајцата не беа фит, а Тедеско се соочи и со повредите на Аксел Витсел и на Томас Мение. За среќа, Вертонген и Теате се подготвени за првиот натпревар на ЕП, против Словачка, попладнево од 18 часот во Франкфурт.

– Тие учествуваа на последните три тренинзи со тимот. Затоа ќе бидат повторно во составот. Мение исто така ќе им се приклучи на тренинзите и ќе го имаме за следните два меча. Што се однесува до повредата на Витсел, тој би можел да се врати во ритам и денеска, но мали се шансите да игра против Словачка, изјави Тедеско.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО