Деновите пред нас ќе покажат дали се вистинити најавите дека Кевин Пантер го напушта Партизан ова лето.
По завршување на прилично неуспешната сезона на Партизан, ќе има сериозни кадровски проветрувања во таборот на „црно-белите“.
Деновиве постоеа низа на шпекулации каде би можел да заврши Кевин Пантер, а сега се јави познатиот кошаркарски новинар и инсајдер, Донатас Урбонас од „БаскетЊуз“ и ги потврди најавите.
Како што тврди Литванецот, американскиот бек преговара со Барселона и е на прагот да постигнат договор за трансфер, што веројатно значи дека Партизан ќе добие одредено обештетување, бидејки Пантер има уште една година од договорот.
Пантер минатата сезона беше најзаслужен играч за пехарот на Партизан во АБА лигата и пласманот во четвртфиналето од Евролигата, но годинава доста потфрли и тоа се одрази на резултатите на клубот.
Kevin Punter is finalizing an agreement to join FC Barcelona, per sources.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) June 14, 2024