Пријатно изненадување за Шкотите: Ферги дојде на пиво во Минхен!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е присутен во Минхен, каде ужива во атмосферата пред почетокот на ЕП, каде вечерва е закажано отворувањето и мечот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.

Илјадници навивачи од Шкотска се веќе во Минхен, каде вечерва беспоштедно ќе урлаат од трибините со цел да им помогнат на своите пулени. Она што е најинтересно меѓу толпата, е што и Фергусон е присутен, а беше уловен од навивачите кои си побараа фотографија со него.

– Алекс беше расположен и сакаше да се фотографира со навивачите, ни рече дека со нетрпение го исчекува мечот со Германија. Ни беше чест да го запознаеме, тој е еден од најголемите светски тренери, порачаа дел од навивачите кои беа интервјуирани од Мирор, кој е на лице место присутен со навивачите.

Инаку низ историјата, Алекс Фергусон ја има водено репрезентацијата на Шкотска на еден голем турнир, тоа е Светското првенство во 1986 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО