Џан на местото на Павловиќ во составот на Германија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, го повика играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Џан, како замена за Александар Павловиќ од Баерн Минхен.

Германската фудбалска федерација во средата соопшти дека Павловиќ не може да му се приклучи на тимот поради повреда, па на негово место е повикан Џан.

– Тој веднаш со голем ентузијазам и подготвеност му се приклучи на тимот. Сакавме уште еден играч во тимот кој има одиграно многу натпревари и кој знае како да се справи со притисокот. Тој го исполнува потребниот профил, рече Нагелсман.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО