ПФА се приклучи на правната постапка против ФИФА

Пофесионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија се приклучи на правната постапка против ФИФА поради „преоптоварениот и неодѓлив“ фудбалски календар.

ПФА заедно со Синдикатот на француски играчи поднесе тужба до трговскиот суд во Брисел, со поддршка од Европската канцеларија на Синдикатот на светски играчи (Фифпро).

– Ја оспоруваме законитоста на одлуките на ФИФА за еднострано составување на меѓународниот календар на натпревари, и особено, за одлуката за клупско Светско првенство 2025 година во проширен формат, на кое ќе има 12 европски претставници, велат од ПФА.

ФИФА неодамна ги отфрли тврдењата дека Фифпро и на Асоцијацијата на светски лиги дека не биле консултирани за плановите за новото натпреварување. Од ФИФА велат дека иако се отворени за разговори, немаат намера да го менуваат клупското СП, и покрај заканата од правна постапка.

Следната сезона трите европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени на по 36 екипи. Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа (ЛЕ) ќе имаат по осум натпревари во првата фаза, место по шест како досега.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО