Англија некомплетна против Србија на стартот од ЕП: Саутгејт без двајца за првата средба

Репрезентацијата на Англија го игра првото коло од ЕП во Германија против селекцијата на Србија.

Во среда наутро со соиграчите не тренираше дефанзивецот на Сити, Џон Стоунс, кој е под знак прашалник, открива Скај Спорт. Тој имаше и претходно повреда која ја провлекуваше извесен период.

Саутгејт потврди дека и левиот бек од Манчестер Јунајтед, Лук Шо, го одработил првиот комплетен тимски тренинг, но и дека тој нема да биде дел од натпреварот против Србија.

Шо за „ѓаволите“ не играше уште од февруари, а селекторот на Англија навести дека Шо би можел да добие само неколку минути и тоа на вториот натпревар во групата, евентуално против Данска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО