Арсенал внимателно го следи развојот на играчот од средниот ред на Монако, Јусеф Фофана, открива Фабрицио Романо.
Младиот, 25-годишен Французин покажал сериозен развој последниве години и тоа го привлекло вниманието на „топчиите“, кои во неколку наврати испраќаа скаути да го следат како игра.
Договорот на Фофана истекува за една година, што може да го натера Монако да ги разгледа потенцијалните понуди, доколку пристигнат. Самиот играч, исто така, сака да си ја проба среќата во Премиер лигата и тоа би можело да биде клучно за можниот трансфер.
Арсенал размислува да го ангажира Фофана како замена за Томас Парти, кој исто така влегува во последната година од договорот и се чини дека не е дел од плановите на Микел Артета.