По поразот во Ријека против репрезентацијата на Хрватска, за македонската селекција претстои уште една контролка.
Репрезентативецот Ѓоко Зајков смета дека мора да го задржат фокусот против селекцијата на Чешка и дека не смеат да ги повторат грешките со Хрватска.
“Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба.
“Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката која што ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално”, порача Ѓоко Зајков.