Лацио најде нов тренер

Лацио експресно најде нов тренер, откако пред два дена ја прекина соработката со Игор Тудор. Хрватот три месеци се задржа на „Олимпико“, замина поради несогласувањата со претеседателот Клаудио Лотито, околу играчите кои треба да го напуштата клубот.

„Кориере дело спорт“, пишува дека Лацио го презема Марко Барони. овој 60-годишен тренер минатата сезона ја предводеше Верона и го освои 13. место. Според овој извор Лотито инсистирал Барони да дојде во клубот.

Пред да го замени Лече со Верона, работеше како тренер на Реџина, Кремонезе, Фросиноне, Беневенто, Новара, Пескара… На клупите на тие екипи не се задржа ниту две полни сезони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО