Реал отпатува во Лондон, голманот Лунин остана во Мадрид

Украинскиот репрезентативец Андриј Лунин е еден од играчите што ја обележаа оваа сезона на Реал Мадрид. Херој стана во четвртфиналето во Лигата на шампионите, кога во реваншот во Манчестер против Сити, во пенал рулетот забележа две одбрани и го однесе тимов во наредната фаза.

Луни и по повредата на Тибо Куртоа, на почетокот на сезоната, беше втора опција. Клубот како замена за Куртоа го донесе Капа Аризабалга. Сепак со одличните интервенции си обезбеди место во првата постава.

Но и неговата добра форма не му го гарантираше местото во финалето. И претходно Карло Анчелоти најавуваше дека Куртоа ќе брани во финалето доколку целосно се рехабилитира од повредата. Искусниот голман се врати пред еден месец и нема дилема декатој ќе го започне финалето во сабота против Борусија Дортмунд.

Тоа што го загуби местото во првиот тим не е најголемиот проблем на Лунин. Имено поради грип тој не отпатува со тимот во Лондон.

Анчелоти не сакаше да ризикува, евентулано да се зараси уште некој фудбалер па Луни остана во Мадрид.

Доколку неговата здравствена состојба биде подобра Луни ќе им се приклучи на соиграчите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО