Голманот на фудбалскиот состав Челзи, Ѓорѓе Петровиќ, потенцира дека е презадоволен во Челзи и дека менаџерот, Маурисио Покетино, заслужува да добие поддршка од челниците на тимот.
-Лично, навистина имам голема доверба во Покетино и целиот негов тренерски штаб бидејќи тие веруваа во мене и ми дадоа шанса. Секој се пронаоѓа во неговиот тим и сите веруваат во него“ – изјави Петровиќ.
Аргентинскито стратег ги презеде „сините“ во летото во 2023 година. Тие сезонава ја завршија на шестото место во Премиер-лигата.