Селтик го декласира Килмарнок, на гости со 5:0 и ја освои титулата првак на Шкотска, трета по ред, 12-та во минатите 13 сезони, вкупно 54-та!
Трите победи над лутиот градски ривал, Ренџерс во „Олд фирм“ дербито сезонава се покажаа како клучни и се меѓу 27-те победи на тимот предводен од менаџерот, Брендан Роџерс, кој загуби само три од 36-те лигашки натпревари.
Ова е трета титула за Роџерс во шкотската Премиер лига со Селтик, по првата во 2016/17 и втората во 2017/18-та.