Актуелниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, почнал преговори за продолжување на соработката, откако Баварците не успеаја да пронајдат негова замена, велат последните информации од Германија.
Наводно, преговорите „закочиле“ околу должината на новиот договор бидејќи Тухел сака да биде до 2026 година, а клупските челници се тоа да биде само за една сезона. Според добро упатените во германскиот фудбал, голема е веројатноста Тухел да остане на арената „Алијанц“.