Меѓународната агенција за тениски интегритет им изрече забрана и казни на двајца тенисери поради местење натпревари. Алехандро Мендоза Креспо (34) доби доживотна суспензија и парична казна од 250.000 долари.
Боливиецот активно учествувал во корупциски шеми, вклучително и организирање на местење натпревари со учество на други тенисери. Тој беше прогласен виновен за 20 прекршоци.
Перуанецот, Хорхе Панта Eрерос (28) доби тригодишна суспензија и парична казна од 10.000 долари поради вмешаност во местењето натпревари. Тој е прогласен за виновен за четири прекршоци.