Фудбалскиот тренер, Масимо Алегри, на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Јувентус, објавија денеска медиумите во Италија.
56-годишниот тренер има само две победи во последните 15 натпревари. Торинскиот клуб е четврти на табелата и си го обезбеди учеството во Лигата на шампионите. Договорот на Алегри истекува во 2028 година.
Тој со „старата дама“ има освоено пет титули во Серија А, четири пехари во Купот на Италија и два во Супер-купот на земјата.