ЛШ, полуфинале: Филкруг и донесе победа на Борусија, ПСЖ се испромашува

Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ). Стрелец на единствениот гол во одличен натпревар беше Германецот, Никлас Филкруг во 36. минута.

Во третиот натпревар сезонава во ЛШ (два го групната фаза), Борусија Дортмунд ја прокнижи првата победа над новиот/стар шампион во француската Лига 1.

При голот високо поставената одбрана на ПСЖ излезе лошо на офсајд замката. Филкруг одлично ја прими долгата топка од Нико Шлотербек, биеше силно и прецизно по земја, а голанот Џанлуиџи Донарума немаше никакви шанси.

Домаќините имаа уште една одлична шанса за гол, додека парижаните двапати ја погодија стативата и промашија две големи шанси.

„Лудилото“ уследи во продолжението. ПСЖ беше најблиску до израмнување во 51. минута кога Килијан Мбапе одлично шутираше, но топката место во мрежата, заврши во стативата. Одбиената топка дојде до Ахраф Хакими, кој шутираше, но и тој ја погоди рамката од голот.

Борусија имаше среќа и во 56. минута. Хакими идеално центрираше во 16-те метри, Фабијан Руиз беше сам, но биеше со глава покрај голот. Потоа на ред дојде Борусија која исто така промаши неколку шанси.

Резултатот од 1:0 ветува израмнет и возбудлив реванш меч на „Паркот на принцовите“ во Париз, во вторник.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО