На натпреварот против Реал Мадрид ветеранот на Баерн Минхен, Томас Милер го одигра 150. натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ).
Тој е само третиот играч кој одиграл толку натпревари за само еден клуб во ЛШ. Милер со тоа се израмни со поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас.
Водечката позиција ја држи Чави со 151 натпревар за Барселона. Милер (34) би можел да стане играчот со најмногу настапи во ЛШ за еден клуб доколку игра во реваншот со Реал Мадрид, и Баерн стигне до финалето.